Samsung урива рекорди со преднарачки на Galaxy S23 Ultra

Објавено на 16.02.2023 во Новости



Samsung урива рекорди со преднарачки на Galaxy S23 Ultra

Samsung Galaxy S23 е оптимистичка појава за сите корисници, гласи констатацијата што произлегува од резултатите од претпродажбата. Добрите резултати од преднарачки доаѓаат прво од Индија, потоа од Јужна Кореја.

Јужнокорејската компанија има 1,09 милиони преднарачки од новата S23 серија, што е зголемување од 7% за претпродажбата во споредба со Galaxy S22 серијата. Ова е рекорд со највисока цифра со преднарачки досега за Galaxy S серијата во Азија. Најбаран модел е Galaxy S23 Ultra, кој бил во 60% од вкупниот број на преднарачки, потоа следува Samsung Galaxy S23 со 24%, и Samsung Galaxy S23+ со 16% учество.