Првите iPhone 15 Pro CAD рендери укажуваат на промени во камерата и дизајнот

Објавено на 17.02.2023 во iOs



Првите iPhone 15 Pro CAD рендери укажуваат на промени во камерата и дизајнот

iPhone 15 Pro е сега на ред за шпекулациите пред да излезе, при што излегоа неколку рендери. Од новите слики можеме да видиме дека има промени во дизајнот и камерите.

Рендерите се изработени од младиот дизајнер Ian Zelbo со CAD скици, а објавени се од ликстерите 9to5Mac и Max Weinbach. Apple ги дава овие CAD модели на азиските компании за да спремаат футроли за телефоните. 

На сликите може да се види дека iPhone 15 Pro ќе има помалку коцкаст дизајн од претходникот и би можел да биде со заоблени рабови. Подетален сликовит приказ имаме на рендерите во прилог.