GM патентирал екран на допир што може сам да се чисти

Објавено на 20.02.2023 во Новости



GM патентирал екран на допир што може сам да се чисти

Екраните се секогаш нечисти, затоа во иднина брендовите ќе се фокусираат на екрани на допир што сами ќе се чистат. Американскиот производител на автомобили General Motors, патентирал екран што сам се чисти и исчезнуваат нечистотиите од него.

Ваквите нови типови на екрани нема да имате потреба за да ги чистите, а технологијата се базира на додавање на нови пиксели, со специјално невидливо премачкување со фото-катализатор на база на метал оксид.

Сините, црвените и зелените пиксели се интегрираат во виолетови пиксели, што е невидливо за човечкото око. Така тие нема да имаат влијание врз приказот на боите. Тие се поставени во екраните, затоа што кога фото-катализаторите се изложени кон ултра-виолетово светло, тие го апсорбираат и со влагата во воздухот доаѓа до хемиска реакција.