Microsoft и Nintendo потпишаа договор, Call of Duty ќе биде достапна на Switch

Објавено на 23.02.2023 во Игри



Microsoft и Nintendo потпишаа договор, Call of Duty ќе биде достапна на Switch

Регулаторните тела се уште водат истрага околу аквизицијата на Microsoft за Activision Blizzard, тешка 69 милијарди долари и се уште не се знае каква ќе биде конечната одлука и дали ќе се дозволи ова преземање. Претседателот на Microsoft, Бред Смит, објави дека нивната компанија потпишала 10 годишен договор со Nintendo

Според договорот, игрите за Xbox и насловите од Activision - вклучувајќи ја и Call of Duty, би требало да се појават на конзолите на Nintendo во исто време кога ќе се појават и на Xbox. Сега се се чека од одлуката на регулаторните тела за одобрување на купувањето на Activision Blizzard.