Apple Watch ќе направи пресврт, во иднина ќе мери гликоза во крвта

Објавено на 24.02.2023 во Смарт часовници



Apple Watch ќе направи пресврт, во иднина ќе мери гликоза во крвта

Apple почна да развива уреди и технологија за мерење на гликоза во крвта и без потреба од боцкање, уште во времето на Стив Џобс. Пред 13 години ја купија компанијата RareLight, која што развиваше технологија за неинвазивно мерење на гликоза. Компаниајта во 2015 година стана дел од Exploratory Design Group (XDG), одделот на Apple за развој на тајни проекти.

Со текот на годините се објавуваа различни информации за плановите на Apple на пазарот на смартчасовници, но се уште нема никаква официјална најава на оваа нова технологија. Новинарите од Bloomberg тврдат дека Apple успеал да развие технологија што може да донесе дисрупција на пазарот за мерење и следење на гликоза. Се очекува во некој од следните Apple Watch да биде ова имплементирано.