Креирана е најмалата гејмерска конзола во светот со Doom

Објавено на 26.02.2023 во Игри



Креирана е најмалата гејмерска конзола во светот со Doom

YouTube-рот Џејмс Браун со професија графички дизајнер, успеал да го направи она што на повеќето не би им паднало на ум. Ситна лего коцка претворил во уред на кој што е невозможно да се игра популарната видео игра Doom.

Ова не е за луѓе со големи прсти. Како што може да погледнете на видеото одозгора, контролите се многу едноставни и интуитивни. Браун во својот уред вградил минијатурен акцелерометар, што му овозможило да управува со видео игра со наведнување на уредот во различни насоки. Освен акцелерометар, Браун вградил и Raspberry Pi RP2040, микро-компјутер со 0,42-инчен OLED екран и копчиња на допир, со батерија внатре. Браун докажува дека се е возможно да се претвори во конзола за играње, но тешко е да се поверува дека некој би ја играл Doom повеќе од неколку минути на ваков минијатурен уред и екран.