Tesla со патент за легура на челик што ќе го направи Cybertruck неуништив

Објавено на 27.02.2023 во Електричен погон



Tesla со патент за легура на челик што ќе го направи Cybertruck неуништив

Tesla Cybertruck се уште се наоѓа во фаза на развој и се уште немаме точна дата кога излегува на пазарот. Имаше вести за прототип со ретровизори и масивен среден бришач од 2021 година. Најновата вест е дека Tesla поднела патент за легура на челик што ќе направи егзоскелет од каросеријата на Cybertruck.

Според пишувањето на порталот Electrek, наведената легура од челик, треба да ги надмине сличните легури што се користат за автомобили. Во наведената патентна пријава Tesla наведува прилично детални спецификации за цврстината според Викеровата скала, отпорност на корозија, еластичност и цврстина на истегнување со на своите легури. Попрецизно, новата легура ќе има цврстина од 420 до 500 HV, отпорност на корозија од 520 mV до 600 mV, еластичност и агол на свивање од 60 степени при дебелина од 1,8 мм и граница на развлечување од 1100 MPa.