Honor дигна прашина на MWC со Magic 5 серијата

Објавено на 27.02.2023 во Новости



Honor дигна прашина на MWC со Magic 5 серијата

Телефони ги посети Honor на штандот на MWC. Honor на Mobile World Congress во Барселона го претстави својот пристап кон технологијата, кој што е насочен кој човекот - "Tech to Inspire". Воедно е најавена и глобалната достапност на својата серија Honor Magic 5 и преклопниот телефон Honor Magic Vs.

Во текот на настаните е претставен Honor Magic 5 Lite, кој наскоро треба да стане достапен и кај нас. Како што истакнаа на самото отварање, DXOMARK го прогласи овој уред за најдобар смартфон во светот во сегментот на перформансите на батеријата. Го објавиле и своето партнерство со компанијата Re-Commerce со цел да рециклираат користени смартфони. Оваа соработка ќе помогне во заштита на околината и значително ќе ја намали емисијата на CO2.