Само вашите раце се потребни за да ја извадите батеријата на Galaxy S23 Ultra

Објавено на 28.02.2023 во Новости



Само вашите раце се потребни за да ја извадите батеријата на Galaxy S23 Ultra

Поправката на смартфоните може да ве чини  и да биде комплицирана, па затоа многумина се одлучуваат да го сменат уредот, отколку да менуваат проблематични делови. Благодарение на кампањата за поправка, некои од новите модели се лесни за поправка.

Samsung Galaxy S23 Ultra е еден од нив. YouTube-рот Зек Нелсон, на својот канал JerryRigEverything објавил како може да ја отстраните/смените батеријата на Galaxy S23 Ultra. Изгледа дека Samsung направил многу корисни промени во внатрешноста на телефонот.

Samsung применил прекумерна количина на лепило во батеријата на Galaxy S22 Ultra, што би било премногу тешко за обичниот човек да ја отстрани без специјален алат. Прво се става специјален алкохол да омекне лепилото, а потоа се отстранува. Задната и предната страна на Galaxy S23 Ultra се залепени, но многу е лесно да се отстранат.