NOKIA го претстави новото лого, со нова стратегија и прилагодливи бои

Објавено на 01.03.2023 во Android



NOKIA го претстави новото лого, со нова стратегија и прилагодливи бои

NOKIA го смени логото за прв пат после 60 години. HMD Global со логото ја претстави и новата стратегија на компанијата пред да почне MWC во Барселона, за кои деновиве известуваме постојано. 

Новото лого е специфично по тоа што се состои од шест различни форми на букви, што го формираат зборот NOKIA. Старото лого е со сина боја и ист фонт на букви, додека новото не е со фиксни бои, туку се менуваат. „Постоеше поврзаност со мобилните телефони, а денеска сме компанија што се занимава со бизнис технологија“, изјави извршниот директор на HMD Global, Пека Лундмарк.