MWC 2023: Huawei Watch GT Cyber доаѓа со сличен дизајн на G-Shock

Објавено на 01.03.2023 во Смарт часовници



MWC 2023: Huawei Watch GT Cyber доаѓа со сличен дизајн на G-Shock

Huawei со новиот Watch GT Cyber смартчасовник направил навистина нешто екстравагантно. Новиот часовник може да се вади од рамката без никакви алатки. Има тотално нов дизајн со променливи маски и ова е за прв пат во светот да се направи таков креативен продукт.

Новиот смартчасовник се базира на GT3 серијата, но дисплејот е за малку помал. Huawei е навистина таинствен за тоа што има внатре, за што е овозможено целосно да се промени ременчето и рамката и да се извади смартчасовникот.

Металните рамки се со сличен дизајн на G-Shock, има силиконски, модерно дизајнирани и друго. Новиот смартчасовник нема да почне со масовно производство веднаш и останува да биде како концепт. Huawei сака да го лансира глобално, вклучувајќи ја и Европа, но се уште нема конечна одлука за Huawei Watch GT Cyber.