Sony покажува интересни концепти за таблет
Објавено на 12.01.2012 во Новости
Креативноста и „технолошкиот“ дизајн од секогаш биле силна страна за Sony, па така сега ниту таблетите со Android не се исклучок од тоа.
И Sony Tablet S и Tablet P имаат интересен и интригантен дизајн кој отскокнува од јатото на таблети.
На CES, компанијата ги покажа замислите за идната генерација на таблети, иако засега само како прототип верзија. Една од интертесните новини тука е виртуелната-проектирана тастатура.
Но, доста зборување, погледнете ги следниве фотографии и видете за што станува збор.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.