Google ќе има посебен пребарувач за оние со слаб интернет

Објавено на 25.08.2017 во Новости



Google ќе има посебен пребарувач за оние со слаб интернет

Google ќе направи своја „lite“ верзија од својата машина за пребарување - Search. Facebook и Microsoft веќе ги претставија своите "lite" верзии на апликации, сега дојде на ред и Google. Се разбира, оваа верзија ќе биде наменета за оние со смартфони со послаби перформанси и слаб интернет, со цел побрзо да се прикажуваат резултатите.

Покрај тоа ќе биде овозможен избор на голем број на јазици, со гласовно пребарување или текстуално. Останатите функции ќе бидат можноста за отварање на веб страници во Lite Mode и нивен преглед во интернет пребарувачот на апликацијата. Search Lite моментално е во тест фаза и официјално е достапен само за напредни корисници.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
  • Motion
  • Aurora
  • Keyone
  • DTEK60
  • DTEK50
  • Xperia L2
  • Xperia XA2 Ultra
  • Xperia XA2
  • U11 Eyes
  • U11 Plus
 


{}