Nintendo Switch 2 и Switch 2 Pro се очекуваат во 2024 година
Објавено на 03.03.2023 во Игри

Пред 6 години за прв пат почна да се продава конзолата за играње Nintendo Switch. Компанијата тогаш ја претстави надградената верзија и Lite моделот, а за разлика од претходникот Wii U, Switch постигна голем продажен успех и продадени се над 122 милиони примероци. Станува збор за третата најпродавана конзола во историјата.
Иако побарувачката за неа и понатаму е голема. екипата во Nintendo мора да размислува за наследник. Се очекуваат два нови модела Switch 2 или Switch 2 Pro, а ќе се појават следната година, т.е. на крајот на следната година. Се уште немаме официјални информации за новиот модел.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.