Samsung спрема надградба на батеријата кај Galaxy Watch 6

Објавено на 03.03.2023 во Смарт часовници



Samsung спрема надградба на батеријата кај Galaxy Watch 6

Samsung наводно планира да ги лансира Galaxy Watch 6 и Watch 6 Pro на крајот на следното лето, со неколку надградби во однос на нивните претходни модели. Батеријата е една од најважните ставки, која што се наоѓа на списокот на надградби. 

Помалиот Galaxy Watch 6 ќе биде со 300mAh батерија, додека поголемиот Wear OS смартчасовник ќе биде со батерија од 425mAh. Galaxy Watch 5 имаше батерија од 284mAh, додека Galaxy Watch 5 Pro имаше 410mAh батерија. Ова е видно подобрување, доколку стане официјално, затоа што уште нема официјално соопштение од компанијата.