Volkswagen ја претстави новата генерација на ID.3

Објавено на 07.03.2023 во Електричен погон



Volkswagen ја претстави новата генерација на ID.3

Volkswagen соопшти дека ID.3 е третиот најважен автомобил во компанијата, после популарните Buba и Golf. VW очекува да се отвори ново поглавје со него, период на електрификација и тоа требало да биде првиот чекор кон конечната цел, а тоа е доминација на пазарот на електрични возила.

Се покажа дека денеска трендовите се сепак поинакви и се поголема е побарувачката за поголеми возила од SUV категоријата, што е територија што VW ја напаѓа со ID.4 моделот. Тројката и понатаму останува важно делче за сложувалката. ID.3. се одликува со атрактивен дизајн, подобрена аеродинамика и поголем квалитет на внатрешниот дел. Новиот ID.3 и понатаму е со истиот мотор (201KS) и батерии (58kWh и 77kWh). Почетокот на производството од новата генерација на ова возило е најавено за оваа есен и новото возило ќе биде првенствено наменето за европски пазар.