Xiaomi Mix Fold 3 се очекува да пристигне во август 2023
Објавено на 08.03.2023 во Преклопни уреди

Xiaomi Mix Fold 3 е преклопниот смартфон на кинескиот бренд Xiaomi, кој што се очекува да биде лансиран на крајот на летото, во август. Неговиот претходник беше претставен во истиот месец, минатата година. Преклопниот модел на Xiaomi се очекува да остане достапен само во Кина, но можно е да излезе и на глобалната сцена.
Xiaomi Mix Fold 3 се очекува да пристигне со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, се одликува со висока ефикасност, супер брза UFS 4.0 меморија и LPDDR5X RAM меморија. Екранот ќе биде со 120Hz.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.