Vivo X Flip протече со нов преклопен дизајн во форма на школка
Објавено на 09.03.2023 во Преклопни уреди

Vivo го спрема Vivo X Flip што се отвара вертикално, додека веќе го има хоризонталниот преклопен смартфон Vivo X Fold. Ликстерот откри неколку спецификации што може да се очекуваат од Vivo X Flip. Спецификациите што се појавија за Vivo X Flip, се со 6.8” OLED дисплеј со 120Hz, Snapdragon 8 Gen 1 процесор, 12GB RAM меморија, 4,400mAh батерија со 44W брзо полнење.
Задната двојна камера ќе биде составена од 50MP главен сензор и 12MP, ултра-широк сензор, со странично лоциран сензор за отпечатоци.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.