Apple ќе им објави војна на буџетските Android телефони со iPhone SE 4
Објавено на 13.03.2023 во iOs

Луѓето ги обожаваат сите iPhone модели, без разлика дали се нови или стари модели, евтини и скапи. Apple очигледно нема да престане со производството на евтиниот iPhone SE 4!
Со рециклиран дизајн на најновиот чип на Apple, првиот iPhone SE (Special Edition) беше лансиран во 2016 година, и оттогаш компанијата објавува повремено такви модели.
Сега повторно ќе има ваков модел, но можеби нема да го имаме оваа година, туку другата. Новиот модел ќе парира на Pixel 6a и Galaxy A53. Аналитичарите потврдуваат дека Apple дефинитивно ќе произведува нов iPhone SE, иако се уште нема официјална најава.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.