Apple ќе им објави војна на буџетските Android телефони со iPhone SE 4

Објавено на 13.03.2023 во iOs



Apple ќе им објави војна на буџетските Android телефони со iPhone SE 4

Луѓето ги обожаваат сите iPhone модели, без разлика дали се нови или стари модели, евтини и скапи. Apple очигледно нема да престане со производството на евтиниот iPhone SE 4

Со рециклиран дизајн на најновиот чип на Apple, првиот iPhone SE (Special Edition) беше лансиран во 2016 година, и оттогаш компанијата објавува повремено такви модели.

Сега повторно ќе има ваков модел, но можеби нема да го имаме оваа година, туку другата. Новиот модел ќе парира на Pixel 6a и Galaxy A53. Аналитичарите потврдуваат дека Apple дефинитивно ќе произведува нов iPhone SE, иако се уште нема официјална најава.