Apple AirPods ќе мерат шеќер и ќе имаат подобрена Live Listen опција

Објавено на 15.03.2023 во iOs



Apple AirPods ќе мерат шеќер и ќе имаат подобрена Live Listen опција

Apple верува дека нивните слушалки AirPods имаат голем потенцијал на пазарот. Тие веќе имаат некои опции за лица со оштетен слух, кои што ги носат на места каде што има голема бучава - Live Listen. Преку оваа опција може да се слушне се што се зборува близу до вашиот iPhone, затоа што телефонот служи како микрофон, а звукот се репродуцира во слушалките.

Иако е корисна оваа опција, сепак Агенцијата за храна и лекови не ја одобрува и затоа Apple не ја рекламира како слушно помагало. Марк Гурман од Bloomberg тврди дека Apple во текот на следната година планира да претстави нови важни опции за AirPods. Нивните слушалки треба да станат некој вид на здравствена алатка и би собирале одредени податоци поврзани со слухот на корисниците. Се очекува и опција за мерење на шеќер за дијабетичари.

Автор: Aleksandar Stankov