Asus ROG Phone 7 објавен на TENAA со огромна 6,000mAh батерија

Објавено на 17.03.2023 во Игри



Asus ROG Phone 7 објавен на TENAA со огромна 6,000mAh батерија

Asus го открива следниот гејминг смартфон Asus ROG Phone 7, според неодамнешното листање на TENAA, кој се очекува да излезе наскоро. ASUS се очекува да го лансира класичниот ROG Phone 7, Ultimate верзија и ROG Phone 7D. На листата на TENAA се гледа дека Asus ROG Phone 7 ќе биде со 5,850 mAh батерија, но цифрата ќе биде заокружена на 6,000 mAh.

Ова не е никакво изненадување, затоа што минатите ROG телефони ја имаа истата батерија. Се разбира, многу брендови знаат и да ги намалат капацитетите на батериите кај новите модели и вградуваат технологија за брзо полнење. Многу е важно да се задржи високиот капацитет на батеријата како кај овој модел. ROG Phone 7 ќе има четири камери, тројна задна и една предна камера. 

Според TENAA ќе има 5G технологија, Snapdragon 8 Gen 2 процесор со 3.19 GHz, 16GB RAM меморија, Android 13 и 65W полнење. ROG Phone 7 ќе биде со 6.8-инчен AMOLED дисплеј со 165Hz и FullHD+ резолуција.  ROG Phone 6 беше лансиран во јули месец, додека ROG Phone 7 се очекува да биде објавен во последното тримесечје од 2023 година.