Snapchat додава нови функции за родители во Family Center

Објавено на 17.03.2023 во Новости



Snapchat додава нови функции за родители во Family Center

Snapchat Family Center беше претставен минатата година, кој беше еден од најважните чекори на Snapchat, овозможувајќи им на родителите да ги контролираат профилите на нивните деца. Денеска социјалната апликација ги претстави новите подобрувања кај Family Center, со дополнителни контроли за родителите, кои што не се задоволни со тоа што го добиле во 2022.

“Content Controls,” е најновата алатка во Family Center, која што им овозможува на родителите да го лимитираат видот на содржина што нивните деца ќе може да ја гледаат на Snapchat. Да, чудно е што ова го немаше минатата година кога Family Center беше лансиран првично, но еве сега родителите може да здивнат. Со новите функции, родителите може и да ги филтрираат сторињата што може да ги гледаат децата.

Автор: Aleksandar Stankov