iPhone 15 ќе ги има најтенките рамки од било кој друг телефон

Објавено на 19.03.2023 во iOs



iPhone 15 ќе ги има најтенките рамки од било кој друг телефон

Преостанати се уште шест месеци додека Apple официјално да ја најави линијата на iPhone, но се зборува дека iPhone 15 серијата ќе има неколку значителни надградби. Најновите претпоставки од страна на аналитичарите се дека iPhone 15 Pro Max ќе има претерано мали рамки на екранот, кои што наводно ќе бидат најтенките рамки на смартфон досега.

Ice universe прогнозира дека рамката ќе биде 1.55мм, со што ќе биде надминат претходниот рекорд на Xiaomi 13 со 1.81мм тенка рамка. Ова навистина не е мала промена, затоа што се очекува и да го намали островот за сместување на камерата.