Shazam лансира музички плеер за iPhone

Објавено на 13.01.2012 во iOs



Shazam лансира музички плеер за iPhone

Shazam го претстави Shazam Player, кој има за цел целосно да ја замени апликацијата за музика на вашиот iPhone или iPod Touch. 

За потсетување, Shazam е апликацијата за препознавање на музика, така што слични намери има и кај овој плеер. Shazam Player додава некои интересни можности за телефонот, како на пример, да ја видиете биографијата или датумите со концерти на изведувачот на песната која ја слушате, или ќе пронајде YouTube видеа за песната.
 
Исто така, апликацијата го вклучува и LyricPlay сервисот, кој автоматски ќе ви пронајде текст за која било песна.
 
Апликацијата работи со музичката колекција на вашиот уред, па дури и ќе ги скенира вашите iTunes плејлисти и ќе ги вметне во апликацијата.
 
Апликацијата е бесплатна, а можете да ја преземете од ТУКА.