Следниот iPhone 15 ќе биде со титаниумски дизајн

Објавено на 21.03.2023 во iOs



Следниот iPhone 15 ќе биде со титаниумски дизајн

Почнуваат озборувања дека ќе има титаниумски iPhone за следната серија. Се разбира, Apple не објавува такви вести, туку се е прогноза на аналитичарите што ги следат иновациите на Apple.

Претходно имаше информација и дека ќе има титаниумски Apple Watch Ultra, а сега се верува дека е прашање на време кога титаниумот ќе стигне и до следниот iPhone. Информацијата дека ќе има iPhone 15 Titanium излезе од ликстерот ShrimpApplePro на Twitter, кој вели дека iPhone 15 ќе биде со нов дизајн и повеќе заоблени агли.