Oppo Find X6 официјално претставен со најдобрата камера на Hasselblad

Објавено на 21.03.2023 во Новости



Oppo Find X6 официјално претставен со најдобрата камера на Hasselblad

Oppo Find X6 и Find X6 Pro се официјално откриени во три бои: зелена, златна и црна. Задната камера е со три сензори и Hasselblad леќи, како и Oppo MariSilicon ко-процесор. Hasselblad е еден од најреспектабилните шведски производители на камери и фотографска опрема.

Неговите сензори се вградени и во некои од најдобрите дигитални камери на Sony, кои од неодамна се вградуваат веќе во OnePlus и Oppo. Oppo и Hasselblad минатата година објавија три годишно партнерство за развој на камерата на Find X6 серијата.

Првиот телефон со фотографскиот бренд беше Oppo Find X5, а сега е Find X6 Pro. Oppo Find X6 Pro располага со 1-инчен Sony IMX989 сензор, ултра-широка IMX890 камера и телефото леќи. Find X6 има двојна камера од 50MP Sony IMX890. 

Pro моделот е опремен со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2 процесор, додека обичниот предводник ќе има Snapdragon 8+ Gen 1 процесор. Двата Find X6 модела се со премиум дизајн и одлични перформанси.