Microsoft планира да лансира своја продавница за Android и iPhone

Објавено на 22.03.2023 во Игри



Microsoft планира да лансира своја продавница за Android и iPhone

Првиот човек во одделот за игри на Microsoft, Фил Спенсер, тврди дека неговата компанија со нетрпение ги очекува новите промени кога компаниите ќе ги отворат своите затворени типови на продавници, и планираат да претстават своја продавница за апликации за видео игри на Android и Apple мобилни игри.

На Xbox продавницата со видео игри, за корисниците ќе биде достапна нивната содржина, како и содржината на нивните партнери, така што ќе може сите да уживаат во нивните игри на мобилните екрани. Ако содржината не се купува преку Apple и Google мобилните платформи, тоа значи дека овие компании нема да добиваат провизија што сега им припаѓа, што е голем предмет на спор меѓу нив и компаниите како што се Epic и Spotify