Huawei претстави три нови P60 предводници и преклопниот Mate X3

Објавено на 24.03.2023 во Новости



Huawei претстави три нови P60 предводници и преклопниот Mate X3

Huawei ја откри новата P60 линија (P60, P60 Pro и P60 Art) и преклопниот смартфон Mate X3. P60 располага со 6.67-инчен LTPO OLED дисплеј и резолуција од 1220 x 2700 (FHD+) со 120Hz. 

Huawei P60, P60 Pro, и P60 Art имаат сензор за отпечатоци на прсти вграден под дисплејот и сите три модели имаат главен RYYB (црвена, жолта, жолта, сина - Red, Yellow, Yellow, Blue) сензор од 48MP, заменувајќи го традиционалниот RGB сензор (црвена,зелена,сина = Red, Green, Blue). Се разбира, новиот сензор овозможува слики со повисок квалитет, а главната камера може да снима и 4K видео.

P60 и P60 Pro имаат 13MP ултра-широк сензор, додека P60 Art има 40MP ултра-широк сензор. P60 има 12MP телефото камера со 5x оптички зум, а P60 Pro и P60 Art имаат 48MP телефото камера со 3.5x оптички зум и 100x дигитален зум. P60 серијата е опремена со Snapdragon 8+ Gen 1 процесор и LTE сигнал. 

P60 серијата има поддршка за сателитски пораки, но само во Кина. P60 и P60 Pro се опремени со 4815mAh батерии со брзина на полнење од 66W и 88W. P60 Art има 5100mAh батерија, а трите модели се со HarmonyOS 3.1 оперативен систем. 

P60 и P60 Pro се достапни во виолетова, црна, зелена и бела боја, P60 Art го има во сина и златна боја. P60 ќе биде со цена од $657 со 128GB или $877 со 512GB. P60 Pro почнува со цена од $1,023 со 256GB или $1,170 со 512GB. Huawei P60 Art е достапен со 512GB меморија за $1,316 или со 1TB за цена од $1,610.  Продажбата во Кина за P60 и P60 Pro започнува од 30 март, додека за P60 Art почнува од 7 април. Цените и достапноста на глобалниот пазар ќе бидат објавени подоцна.