Honor претстави два прифатливи Android-телефони

Објавено на 29.03.2023 во Android



Honor претстави два прифатливи Android-телефони

Honor ги претстави новите модели Honor Play 7T и Play 7T Pro. Двата се опремени со MediaTek Dimensity 6020 процесор, 50MP сензор за главната камера и 2MP сензор за длабочина. Двата модела се со Magic UI 6.1 кориснички интерфејс, базиран на Android 12, со 5G конекција.

Honor Play 7T има 6.74-инчен IPS LCD екран со 90Hz и FHD+ резолуција, 5MP предна камера, 6000mAh батерија со 22.5W брзина на полнење. 7T Pro е опремен со 6.7-инчен LTPS LCD екран со дупка за камерата и 8MP предна камера. Дисплејот има 90Hz и FHD+ резолуција. 4000mAh батеријата кај 7T Pro би можела да има понизок капацитет од 7T, но, се полни побрзо од 40W.

Honor Play 7T ќе биде со 8GB RAM + 128GB меморија, за само $160, додека моделот со 8GB RAM + 256GB меморија ќе биде $189. Honor 7T ќе го има со RAM од 8GB до 13GB, благодарение на клауд сервисот со дополнителна RAM меморија. Honor Play 7T со 8GB RAM + 128GB меморија ќе биде $218, $247 меморија со Honor 7T Pro со 8GB RAM + 256GB меморија. 6 април е датата кога телефонот излегува официјално.