ЛеБрон не сака да дава по 8 долари месечно за претплата на Twitter

Објавено на 03.04.2023 во Новости



ЛеБрон не сака да дава по 8 долари месечно за претплата на Twitter

Промените на Twitter стапија во сила, социјалната мрежа сега ќе има сина значка, што значи верификуван профил и потврда на автентичноста на профилот. Сега секој што сака да има верификуван профил, ќе треба да плаќа месечна претплата од 8 долари.

Илон Маск се надева дека многу лица ќе ја стават сината значка, што ќе значи дополнителни приходи за Twitter, како и намалување на зависноста од рекламирањето. Но, не сакаат сите да ја плаќаат оваа претплата, и покрај тоа што заработуваат милиони долари. Кошаркарот од ЛА Лејкерс, ЛеБрон Џејмс, напиша на социјалната мрежа дека нема да плаќа претплата, а истото го напишале и бројни други спортисти.