Galaxy S10, S10+, S10e: Губат поддршка за Android безбедносни надградби

Објавено на 05.04.2023 во Android



Galaxy S10, S10+, S10e: Губат поддршка за Android безбедносни надградби

Ако поседувате било каков телефон од Galaxy S10 семејството од 2019 година, сигурно знаете дека главните надградби престанаа со Android 12 во 2021 година. Како и да е, Galaxy S10, Galaxy S10+, и Galaxy S10e се уште добиваа безбедносни надградби. Досега. 

Samsung дополнил на страницата на Security Updates дека ќе ги отстрани трите спомнати модели од списокот на Galaxy уреди што добиваат месечни, квартални и годишни безбедносни надградби. Galaxy S10 5G и Galaxy S10 Lite се уште стојат на листата за квартални Android безбедносни надградби. Galaxy A30 и Galaxy A50 исто така нема повеќе да добиваат безбедносни надградби.