Sony за крај на годината спрема целосно нова конзола

Објавено на 07.04.2023 во Игри



Sony за крај на годината спрема целосно нова конзола

Уште пред 6 години во Sony заклучиле дека нема смисла да претставуваат нова генерација на рачна играчка конзола, затоа што смартфоните во голема мера ги заменија овие уреди. 

Овој пазар е многу интересен и Sony со бројни технолошки медиуми пренесуваат дека јапонскиот гејмерски џин повторно ја развива својата верзија на конзолата, но овој пат тоа нема да биде уредот што ќе го наследи PSP и PS Vita. Новиот модел Project Q Lite, би требало да биде само како додаток за PlayStation 5 на кој што би можеле да се стримаат игрите од PlayStation преку опциите Remote Play на Sony. Самиот уред се опишува како DualSense контролер со голем екран со дијагонала од 8 инчи во средината. Резолуцијата на екранот изнесува 1920x1080 пиксели, со фреквенција од 60Hz.