Samsung се очекува да открие преклопен таблет подоцна годинава
Објавено на 10.04.2023 во Преклопни уреди
Twitter ликстерот Revegnus открива дека Samsung ќе го открие Galaxy Z Tab преклопниот таблет годинава, и според твитот, Galaxy Z Tab ќе биде откриен покрај Galaxy Tab S9 линијата. Преклопниот таблет се уште не е спремен за лансирање, а ќе биде презентиран во исто време како Galaxy Z Fold 6 и Galaxy Z Flip 6 смартфоните во 2024.
Нема никакви спецификации што се шпекулираат за тотално новиот модел, но се очекува преклопниот Galaxy Z Tab да биде со преклопен екран, што ќе биде многу поголем од 7.6-инчениот екран, кога е отворен телефонот. Ако биде лансиран ваков производ годинава, тоа се очекува да биде Snapdragon 8 Gen 2 процесор и AMOLED дисплеј со 120Hz.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.