iPhone 15 Pro сепак ќе остане со старите копчиња за звук поради технички прашања

Објавено на 12.04.2023 во iOs



iPhone 15 Pro сепак ќе остане со старите копчиња за звук поради технички прашања

Претстојниот iPhone 15 Pro се очекуваше да биде со нови копчиња во цврста форма, на допир, но изгледа дека тоа нема да се случи поради технички прашања. Двајца еминентни аналитичари од технолошката индустрија тврдат дека поради технички сложени операции, Apple одлучил да се држи до моменталните механички копчиња.

Од 9to5Mac велат дека аналитичарот Џеф Пу изјавил дека имал извори од синџирот на снабдувачи на Apple со компоненти, дека iPhone 15 Pro најверојатно ќе се држи до неговите физички копчиња. Тоа е затоа што цврстите копчиња ќе имаат потреба од три нови хептички мотори во внатрешноста на iPhone 15 Pro и ова ќе го комплицира дизајнот. Ова дефинитивно бара време додека да се вметне во производствотоза понатамошните iPhone-и. Минг-Чи Куо го потврдува истото.