Winamp се враќа во игра, во модерно издание!

Објавено на 15.04.2023 во Новости



Winamp се враќа во игра, во модерно издание!

Winamp е само музички плеер, но во модерната верзија е подобрен со поддршка за подкасти, радио и стриминг сервиси. Сите го сакаме стариот и добар Winamp, кој се одликуваше со едноставен и практичен дизајн, прегледност на песните и сите опции. На Twitter е објавена видео реклама со можностите на плеерот.

Музичкиот плеер беше транзицијата што беше извршена во начинот на слушање на дигиталната музика. Во 1999 година, матична компанија на Winamp - Nullsoft,  беше купена од американскиот телекомуникациски гигант AOL и така во 2013 година сакаа да го затворат Winamp, но белгиската компанија Radionomy го спаси од пропаст. Radionomy се претвори во Llama Group, а класичниот Winamp е се уште достапен за преземање. Во моментот Winamp има 83 милиони корисници низ цел свет, кој доживеа промени и може да го преземете на вашиот Windows десктоп компјутер на овој линк. За апликации се уште немаме информации.

Автор: Aleksandar Stankov