Twitter ја отстрани значката за државно финансирање на медиуми како што се NPR

Објавено на 23.04.2023 во Новости



Twitter ја отстрани значката за државно финансирање на медиуми како што се NPR

Twitter ја отстрани значката за медиуми што се „финансирани од владата“ од американското Национално јавно радио (National Public Radio - NPR), BBC и канадскиот CBC. Отстранета е и значката за „медиуми поврзани со кинеската држава“ од профилот на кинеската новинска агенција Xinhua и профилите на новинарите што работат за таквите медиуми.

Поради таа причина NPR и CBC престанале со објави на своите Twitter профили, аргументирајќи дека доделената ознака не го опишува точно нивниот статус. Милијардерот Илон Маск, вели: „Нашата цел е да едноставна, да бидеме вистинити и точни. Ја прилагодуваме значката во 'јавно финансиран' (медиум), што е нешто на што е тешко да се спротивставиме, вели Маск. Twitter, NPR, CBC и BBC не одговориле веднаш на барањето за коментар за отстранување на значката.