iPhone 8 и 8 Plus во промо видео со нивните функционалности
Објавено на 20.09.2017 во iOs

Пред една недела беа официјално претставени iPhone 8 и iPhone 8 Plus, кои доаѓаат со 4.7 инчен и 5.5 инчен дисплеј, соодветно. На видеото се гледа дека iPhone телефоните немаат проблем со вода, иако Apple е искрен и вели дека во гаранцијата немате вклучено оштетување на смартфонот со вода.
Безжичното полнење и најновиот iOS 11 оперативен систем се значајни нови олеснувања кај осмицата, а Portrait Lighting функцијата е одлична за љубителите на фотографијата, затоа што ја брише позадината од сликата и да дава остар изглед на деталите. Вчера пишувавме за изгледот и новитетите на новиот 11-ти софтвер, како ви се допаѓа?
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.