Филмот Super Mario доживеа успех, доаѓаат и други делови од Nintendo
Објавено на 24.04.2023 во Игри

Nintendo и Illumination постигнаа голем успех со неодамна објавениот филм за Super Mario. Сега се очекува и неговата заработка да надмине милијарда долари. Со оглед на тоа што играта е на Nintendo, но и ликовите се препознатливи за сите генерации во цел свет, не е тешко да се заклучи дека соработката меѓу двете компании нема да застане само со еден филм, туку во иднина ќе има повеќе наслови.
Шигеру Мијамото од Nintendo, човекот што ја дизајнирал играта со најпопуларниот водоинсталатер на светот, вели: „Ве молам, следете ги нашите следни производи“. Инаку, извршниот директор на аниматорското студио Illumination е Крис Меледандри, со кого јапонската компанија соработувала за развој на филмот.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.