Moto Edge 40 сака да ги направи другите брендови љубоморни

Објавено на 27.04.2023 во Новости



Moto Edge 40 сака да ги направи другите брендови љубоморни

Motorola е бренд со широк дијапазон на телефони што изгледаат добро, кој се обидува да се издигне во модерното време. Иван Блес објавил нови рендери од моделот Moto Edge 40, кој изгледа неверојатно добро.

Од рендерите може да се види дека Moto Edge 40 ќе го има во Eclipse Black, Lunar Blue, Nebula Green и Viva Magenta боите. Новиот модел на Motorola пристигнува со Dolby Atmos технологија, IP68 сертификат за водоотпорност. Новиот Motorola смартфон дефинитивно ќе биде атрактивен, со што сака да привлече внимание кај сите брендови со изгледот, а не толку со перформансите. 

Автор: Aleksandar Stankov