Samsung OLED: Телевизор што го одзема здивот – реална слика и неспоредлив квалитет

Објавено на 28.04.2023 во Новости



Samsung OLED: Телевизор што го одзема здивот – реална слика и неспоредлив квалитет

Дали сте уморни од гледање телевизија на екран кој не ја доловува баш вистинската слика на вашите омилени филмови или ТВ емисии? Дали сте подготвени за ново телевизиско доживување?

Samsung повторно се надмина себеси. Новиот Samsung OLED S90C телевизорот е вистинско ремек-дело на модерната технологија што ќе ви го одземе здивот со неверојатниот квалитет на слика подобрен со моќниот процесор Neural Quantum 4K, кој со вештачка интелигенција го претвора обичното во извонредно, трансформирајќи ја секојдневната содржина во 4К. Со 20 специјализирани неврални мрежи, процесорот автоматски го прилагодува осветлувањето, го подобрува контрастот, ги разубавува објектите и ја зголемува резолуцијата за совршен квалитет на сликата.

 Слика што овозможува идеално чувство и удобност при гледањето телевизија

Да почнеме со квалитетот на сликата. Новиот Samsung OLED S90C телевизорот се одликува со најновата OLED технологија, која обезбедува совршена црна боја и бесконечен сооднос на контраст и поголемо осветлување што создава неверојатна јасност и деталност на сликата на екранот. Длабоките црни, чисти бели и богати, живописи бои ќе ве остават без зборови, додека пак автентичниот екран во боја потврден од Pantone, обезбедува прецизни изрази на 2030 Pantone бои и 110 новосоздадени нијанси на тонови на кожата.

Благодарение на самоосветлените пиксели, OLED S90C  телевизорот обезбедува моќна осветленост и подлабок опсег на контраст, што овозможува доживување на гледање со вистинска длабочина. Функцијата Real Depth Enhancer ќе ви создаде чувство на длабочина што е исто како гледање во живо, а режимот EyeComfort ќе ги оптимизира осветленоста и боите на екранот по зајдисонце, што ви го олеснува одморот на очите. Ова интелигентно прилагодување на светлината гарантира дека вашите очи нема да бидат напнати за време на ТВ сесиите доцна во ноќта.

 Незаборавно искуство за секој љубител на видео игри

Дали сте подготвени да го подигнете вашето гејмерско искуство на следно ниво? Ако сте ентузијаст за видео игри, нема да сакате да ја пропуштите опцијата Motion Xceleator Turbo Pro. Оваа придобивка се јавува при висока резолуција од 4К и висока стапка на освежување од 144 Hz. Поедноставно кажано, оваа функција прави видео игрите да изгледаат помазно и потечно, особено на висококвалитетни дисплеи кои поддржуваат 4К и висока стапка на освежување. Дури и најпребирливите гејмери кои ја ценат врвната графика и игра ќе се најдат изненадени.

Функциите Super UltraWide GameView & GameBar уште повеќе ќе ја зголеми вашата возбуда при игрите. Со сооднос на екранот 21:9 и 32:9, ќе имате дополнителен простор за гледање за целосно доживување на играта. GameBar ви овозможува да ги приспособите поставките во реално време, давајќи ви ја конкурентската предност што ви треба за да победите. Со функцијата ALLM (автоматски режим со ниска латентност), добивате оптимизиран екран без забележливо доцнење на сликата  – што ви дава поголема контрола врз вашата игра.

Повеќедимензионален звук за совршено доживување

Samsung OLED S90C создаде телевизор со врвна аудио технологија која целосно ќе го промени начинот на кој гледате и слушате содржина – вистинско Dolby Atmos искуство со Top channel звучниците за да ве обвие повеќедимензионален звук. Aудио искуството e подигнато на повисоко ниво со технологијата OTS Lite – виртуелен звук за следење на предмети, со 3D опкружувачки звук, совршен додаток на секоја филмска вечер и сесија за видео игри.

Минималистички дизајн за максимално уживање

Сепак, Samsung OLED S90C телевизорот не се однесува само на квалитетот на сликата. LaserSlim дизајн е подеднакво импресивен, со елегантен и софистициран изглед што несомнено ќе го направи централно место во домот. Задниот дел на телевизорот е рамен и ненаметлив, дизајниран да биде елегантен додаток во секој ентериер, кое нуди естетско и практично решение за хаосот што настанува при поврзување со многу кабли и уреди, преку One Connect Box и One Connect Cable, кои дополнително го разубавуваат просторот.

Samsung OLED S90C телевизорот е вистинско техничко-технолошко достигнување кое комбинира неверојатен квалитет на слика, хипнотизирачки дизајн и врвни карактеристики за да овозможи неспоредливо доживување при гледањето. Благодарение на сите овие извонредни карактеристики, oвој телевизор се најде и на реномираната платформа Expert Reviews, препорачан во највисоката Best Buy категорија. Освртот кон Samsung S90C во целост можете да го прочитате тука.

Достапни и кај нас од крајот на април

Новите Samsung OLED, како и Neo QLED, претставуваат врвно достигнување од аспект на технолошки иновации и премиум естетика и дизајн, обезбедувајќи им го на своите корисници најдоброто досега, и визуелно и аудио искуство при гледањето на најновите фимови, омилените серии, концерти или утакмици, а за гејмерите – неприкосновено реалистично доживување на виртуелна реалност.

Најновите модели 2023 на OLED се достапни кај нас по предложена малопродажна цена почнувајќи  од 129.999,00 ден., а Neo QLED  по препорачана малопродажна цена почнувајќи од 117.999,00 денари.

Повеќе информации за производот на следниот линк: https://www.samsung.com/mk/tvs/oled-tv/s90c-55-inch-qe55s90catxxh/