Galaxy Z Flip 5 и Z Fold 5 дефинитивно ќе се лансираат заедно
Објавено на 30.04.2023 во Преклопни уреди

Во првата половина на август ги очекуваме новите Galaxy Z Flip 5 и Z Fold 5 модели, но претставувањето се очекува да се случи на крајот на јули месец. Некои аналитичари очекуваа дека Galaxy Z Flip 5 и Z Fold 5 ќе излезат на различни дати, но Рос Јанг, тврди дека ќе бидат лансирани заедно.
Galaxy Z Fold 5 нема да биде многу различен во изгледот во споредба со минатогодишниот Z Fold 4, но Samsung Z Flip 5 во споредба со неговиот претходник се очекува двојно да ја зголеми продажбата оваа година, со оглед на тоа што ќе има промени. Најголемата промена ќе биде зголемувањето на екстерниот дисплеј за нотификации, временска прогноза и јавувања.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.