Се збогуваме со Windows 10 во 2025 година

Објавено на 02.05.2023 во Windows



Се збогуваме со Windows 10 во 2025 година

Microsoft објави дека последната ажурирана верзија на Windows 10 22H2, престанува со поддршка на 14 октомври, 2025 година. Инаку, првиот Windows 10 официјално излезе во 2015 година и тогаш Microsoft тврдеше дека се работи за последната верзија на Windows. 

Меѓутоа, потребите на пазарот беа да се активира и новата Windows 11 верзија, која се покажа како поинаква поради Trusted Platform Module. Се работи за чип, модул, интегриран во матичната плоча на компјутерите, или кој дополнително може да се вгради во процесорот, чија задача му е да ги заштити енкрипциските клучеви и корисничките ингеренции, со цел да ја зголеми кибернетската безбедност. 

Автор: Aleksandar Stankov