Sony Xperia 1 V: Билборд укажува на нов квалитетен сензор за слика

Објавено на 07.05.2023 во Новости



Sony Xperia 1 V:  Билборд укажува на нов квалитетен сензор за слика

Се очекува во четоврток Sony да го претстави најновиот Xperia предводник - 1 V. Билборд рекламата за новиот телефон во Хонг Конг укажува дека новиот смартфон ќе биде опремен со нов сензор за слики, базиран на целосно нова CMOS архитектура.

Новата "dual-layer" технологија Sony ја претстави во 2021 година. Сега Xperia 1 V ќе биде првиот смартфон што ќе го вгради овој сензор за комерцијална употреба.

Новиот телефон ќе биде претставен со Snapdragon 8 Gen 2 процесор. Задната камера се очекува со 1-инчен Sony IMX989 сензор и перископска камера со варијабилен зум.

Со 12GB RAM меморија, телефонот ќе го има со 256GB и со 512GB меморија. Ќе го има и со 16GB RAM + 1TB меморија.

Автор: Aleksandar Stankov