Вештачката интелигенција пристигнува и во идните Apple производи

Објавено на 08.05.2023 во iOs



Вештачката интелигенција пристигнува и во идните Apple производи

Во текот на објавата со последните деловни резултати, Тим Кук објавил дека Apple нема да заостанува зад конкуренцијата. Потенцијалот на вештачката интелигенција е огромен, вели Тим Кук.

Тој вели дека AI веќе се применува во одредени производи како што е на пример технологијата за детекција на судир и следење на отчукувањата на срцето. Во иднина ќе продолжат со имплементација на оваа технологија во телефоните, часовниците и другите уреди со логото на Apple