Twitter добива нова извршна директорка за 6 недели, името е непознато

Објавено на 12.05.2023 во Новости



Twitter добива нова извршна директорка за 6 недели, името е непознато

Илон Маск објави дека се повлекува од челното место на Twitter, затоа што ја пронајдел наследничката, која што за 6 недели стапува на функцијата извршна директорка. Се уште нема име и останува анонимна. 

Маск стана извршен директор на социјалната мрежа кога ја купи интернет платформата во октомври, за 44 милијарди евра, но веднаш дал до знаење дека тоа не е трајно решение. Милијардерот Маск е сопственик на компанијата за електрични возила Tesla и SpaceX за производство на вселенски летала.