Google го менува начинот на пребарување, што би можело да биде лоша вест за издавачите и порталите

Објавено на 13.05.2023 во Новости



Google го менува начинот на пребарување, што би можело да биде лоша вест за издавачите и порталите

После претставувањето на ChatGPT, медиумите пренесуваат дека во канцелариите на Google се одржани повеќе кризни состаноци, затоа што за прилично кратко време се загрози бизнис моделот на компанијата, што и заработува најмногу пари. 

Овој бизнис модел се базира на прикажување на реклами со линкови во текот на пребарувањето на интернет. Ако луѓето престанат да пребаруваат на Google како досега со пишување на клучни зборови, туку поставуваат прашања на AI четботовите и така добиваат директни одговори, нема да има повеќе потреба од пребарувачот Google. На тој начин се менува традиционалниот начин на пребарување, па затоа Google мора итно да интервенира.

Со вештачката интелигенција во прв план, коренито се менува приказот на одговори, што може негативно да влијае врз сообраќајот кон интернет страниците. Кога новата опција ќе стане достапна, Google ќе мора да најде начин, односно нови алгоритми, со кои што ќе се преферираат платени линкови, со цел да излегуваат први на пребарувачот.