Идните модели на iPhone ќе имаат поголеми екрани

Објавено на 15.05.2023 во iOs



Идните модели на iPhone ќе имаат поголеми екрани

Apple во минатото тврдоглаво се држеше до малите екрани, но со текот на времето, правилата се променија. Најголемиот iPhone денес има просечна големина од 6,7 инчи, а се откажаа и од моделот iPhone mini, за кого беа убедени дека ќе привлече многу корисници.

Apple во 2024 година ќе се спрема за големи промени. За следната година Apple ќе ги зголеми екраните за своите Pro модели од 6,3 инчи на 6,9 инчи. Зголемувањето е до 0,2 инчи во споредба со актуелните модели. Се уште не се знае дали зголемувањето се однесува само на Pro верзиите или ќе има зголемување и на класичниот предводник iPhone 16, кој досега беше со 6,1 инчен екран.