Подобрата верзија на ChatGPT

Објавено на 15.05.2023 во Новости



Подобрата верзија на ChatGPT

Google само што го надгради својот AI ChatBot: Bard, кој ќе биде бесплатен. Bard е подобар во 5 нешта во споредба со ChatGPT:

1. Интернет пристап во реално време:

ChatGPT се уште нема отворено пристап до интернет за повеќето од своите корисници.

Но, Bard има пристап кон интернет во реално време, и тоа е бесплатно.

Ви овозможува да правите нешта како што се да го прашувате Bard некои прашања за последните цени на берзата, за претстојните трендови, моменталните настани и друго.


______

2. Резимира веб-страници:

Со оглед на тоа што Bard има пристап кон интернет, може да му побарате да резимира текст, научен труд, или формален документ, само со едноставно вметнување на линкот во разговорното поле . Оваа алатка може да ја употребите и да го прашате Bard неколку прашања за линкуваниот текст, страница или документ.

______

3. Применува слики како инпут: 

ChatGPT може да прима за инпут само текст, но Bard ви овозможува да постирате и слики исто така , како на пример:

• Да прашате каде е фотографирана сликата
• Да објасни што се случува на сликата
• Да генерира наслов за сликата што сакате да ја објавите на социјалните мрежи

Оваа алатка ќе биде објавена за неколку недели, велат од Google.


______

4. Го објаснува кодот:

Бидејќи Bard може да пристапи кон интернет, можете да споделите линк од Github со Bard и да побарате од него да објасни што треба да прави со кодот.


______

5. Експортирање:

Во споредба со ChatGPT, можете да го преземете текстот генериран од вашиот потсетник и да го експортирате директно во Gmail и Google Docs. Google вели дека ќе може да го експортирате и вашиот аутпут во други апликации, наскоро.