Може ли некаде да се купи телефон Samsung Galaxy S22 за само 123 денари!?
Објавено на 16.05.2023 во Новости

Измамниците и спамерите објавуваат речиси проѕирни мамки за корисниците на интернет, со цел да земат од секого по малку пари. Цената на телефонот што наводно се продава овде е 123 денари. Ако земат барем од илјада корисници по толку пари, тоа е еднакво а 123.000 денари.
За да не се напише директно дека се работи за Samsung Galaxy S22, напишале со една разлика во буква: „SАМSUNG gаІахy s22“, при што „gаІахy“ е со голема буква „I“ на латиница. Многу корисници се веќе писмени и не наседнуваат на овие евтини трикови, но ете, има и некои што се надеваат дека ќе им биде испратен премиум смартфон. Има ги и оние што велат: „123 денари не се многу пари“, дури и кога станува збор за ризик.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.